Канте станува најплатен фудбалер на Челзи со 16 милиони евра годишно

67

Францускиот играч од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте, го продолжи договорот со лондонските „сини“ до 2023 година.

Канте според новиот договор станува најплатениот играч во тимот со неделна плата од 325.000 евра, што на годишно ниво е околу 16 милиони евра.

Челзи инсистираше на нова соработка со Канте по интересот за него пројавен од Пари Сен Жермен.

Тој е две сезони во Челзи и досега ги има освоено ФА Купот и титулата во Премиер лигата, а исто така и со Лестер беше шампион на Англија пред да дојде во Лондон.

Со националниот тим на Франција оваа година Канте го освои Мундијалот во Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...