Кандидатот на СДСМ за Охрид ветува реконструкција на низа локални патишта

103

Во наредниот период ќе бидат реализирани низа активности за уредување и реконструкција на неколку локални патишта во селските средини на општина Охрид. Планирана е изградба на патен правец во село Велгошти до црквата Св.Никола и реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расино во должина од 3.300 метри. За овие два патни правци веќе се изработуваат основни проекти. Исто така во тек е изработка и на основен проект за Изградба на патен правец од село Лакочереј до село Лескоец, вели кандидатот за градоначалник на Охрид, од редовите на СДСМ, Константин Георгиевски.

Барајќи ја поддршката од охриѓани на 5 мај, тој потенцира дека во рамки на Годишната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици планирана е изградба на локален пат од село Свиништа до црквата Св.Богородица во должина од 1.050 метри, реконструкција на локалниот пат за село Куратица во должина од 5.500 метри, изградба на дел од локален пат за село Плаќе, реконструкција на патните правци за селата Завој и Свиништа и на локалениот пат од Регоналниот патен правец Охрид-Св Наум до автокампот Љубаништа во должина од 990 метри.

Тој потсетува дека во изминатиот период реализирале голем број проекти во руралните подрачја односно асфалтирани се неколку улични краци селата Лескоец, Велгошти, Љубаништа и Коњско.

– Извршена е реконструкција на пристапни патеки и тротоари во селата Косел, Пештани и Горно Лакочереј, а беше извршена и реконструкција на патниот правец Косел-Вапила – потсетува Георгиевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...