Струшката фирма „Дрим Билдинг“ со тужба ќе си ги бара парите назад од Меѓународниот сојуз на Боки 13, објави Канал 5 ТВ.
Сопственикот на фирмата Ардиан Амзоски за Канал 5 вели дека и покрај тоа што очекувале дека преку проектот за старечки домови ќе помогнат во решавање на важни социјални прашања, се изненадил од тоа како завршила целата приказна. Договор со Меѓународниот сојуз склучиле пред една година на чија што потпретседателка Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и исплатиле 233 илјади евра, но откако и по рокот од 6 месеци не им биле вратени парите се одлучиле за тужба.
Целиот прилог можете да го погледнете ТУКА.