Канал 5 со реакција на F2N2: Наместо лажни вести, заедно да се бориме против лажните вести!

1012

Канал 5 ТВ реагираше до тимот на F2N2 во врска со анализата на телевизијата ТОП ЛИСТА НА ДЕЗИНФОРМАЦИИ ВО СЛУЧАЈОТ РЕКЕТ, поврзан токму со делот во кој се анализира веста на таа телевизија.

„Канал 5 ТВ реагира и категорично негира дека сме направиле каква било  дезинформација или обид за намерна измама на гледачите на Канал 5 ТВ. Јасно е од оваа временска дистанца дека соодветниот настан се случил, на 15 јули, во домот на Катица Јанева бил претставник на ОЈО со полициска придружба и направил одземање на нејзиниот мобилен апарат.“

Телевизијата наведува дека објавила вест зад која стои во целост и изразува жалење  што колегите од F2N2 не ја контактирале за да им бидат објаснети околностите за правење на оваа вест.

„Тимот на F2N2 при оценувањето на оваа вест ја следеше вообиачаената процедура, земајќи ги предвид различните официјални извори на информации, во овој случај обвинителката Рускоска, како и анализа на правните одредби поврзани со вакви и слични ситуации. Притоа, горенаведените околности од страна на Канал 5, како регистриран медиум според Законот за медиуми и радиодифузер според Законот за ААВМУ, се изоставени при правењето на анализата. Констатираме дека е точно дека изостанала комуникацијата со Канал 5 за што жалиме. Оттука, напоменуваме дека од страна на Канал 5 не постоела скриена намера да ја дезинформира јавноста исто како и од страната на тимот на F2N2 да ја дискредитира Канал 5“ се наведува во реакцијата. 

Со оглед на реакциите кои стигнаа до F2N2, а се однесуваат на објавената анализа, ни даваат до знаење дека во Република Северна Македонија, лажните вести се речиси секојдневие. Ја користиме оваа можност заеднички, со поставување на вакви добри практики, засилено да ја продолжиме борбата со дезинформациите и лажните вести, порачува телевизија Канал 5.. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...