Телевизијата Канал 5 се избори организаторите на манифестацијата Music Award Ceremony (МАC) што се одржа вечерва во Белград да ја употребуваат именката Македонија за нашата земја, наместо Северна Македонија.
Како што можевме да слушнеме од водителот на преносот на доделивањето на МАС наградите, на Канал 5 ТВ, на барање на менаџментот на оваа наша телевизија, организаторите прифатиле да ја именуваат нашата земја како Македонија, а не како Северна Македонија, како што до завчера се случувало на сите нивни објави за настанот.
Уште еден доказ дека кога се сака, можеме да се избориме за сфаќањето дека Преспанскиот договор сепак не пропишува употреба на новото службено име на нашата земја секогаш и во секакви прилики.
Убав и поучен потег на менаџментот на Канал 5.