„Синот на Катица Јанева беше (не знаеме дали сѐ уште е) вработен во 1 ТВ. Ова беше класичен пример за нелојална конкуренција, во смисла на добивање на информации поврзани со дејноста на СЈО и крајно неетички потег”, пишува Канал 5 телевизија, во анализата најавена како прв дел.
– Но, изостана реакцијата и на ЗНМ, кои нормално си молчеа. Потоа едно здружение, кое наводно има задача да се грижи за етиката во медиумите во Македонија, СЕММ, во ниту еден момент не реагираше на овој невообичаен потег на „двоецот“ Боки Тредичи и Сињора Катица. Ниту буква ниту збор од ЗНМ и СЕММ – се вели во анализата.
Канал 5 додава дека Советот на обвинители на Македонија се однесуваше аутиситчно, како да не слушнале дека Лазар Јанев е вработен во 1ТВ, и немаа никаков став по тоа прашање.
– Дополнително дознавме дека новинарот Сашо Орданоски добил сертификат за джавна тајна, наквисокиот можен безбедносен сертификат кој еден цивилен но и професионален работник може да го има. Канал 5 бараше одговори, кој и зошто, и за каква цел, на еден новинар му доделил ваков сертификат, и тоа новинар кој работи во 1ТВ. И во тој момент ја добивме оваа „постава“ во 1ТВ: Боки Тредичи, Лазар Јанев, Сашо Орданоски – пишува Канал 5.