Канал 5 побара интервју од Груевски во Будимпешта

2310

Канал 5 јави дека попладнево се обиделе да стапaт во контакт преку социјалните мрежи со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта и побарале од него интервју.

„Би сакале да Ви понудиме ексклузивно интервју во кое би ги расчистиле сите нејаснотии околу вашиот азил и пред македонските граѓани да ги објасните точните причини за истиот. Доколку имате интерес Вие ќе можете да ја одберете локацијата и времето за интервјуто” , се наведува во поканата на Канал 5 до Груевски на Фејсбук, на која како што вели телевизијата, нема одговор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...