МНР за амбасадорка во Ватикан предлага поранешна советничка во амбасадата во Италија, за која постојат индиции дека е директно одговорна за судскиот спор и штета околу 250.000 евра, поради која сметките на амбасадата се блокирани десетина години, според информациите на Канал 5.
Причина за блокадата е тужба покрената во 2004 година од поранешна секретарка во амбасадата која била ангажирана како локален работник, со договор на дело, а потоа избркана од работа. Италијанскиот суд досудил дека за ова Република Македонија треба да плати околу 250.000 евра, но тоа не се случило, па сметката била блокирана во 2009 година, со правосилна пресуда.
Повеќе на Канал 5