Канал 5 за случајот „Рекет“: Каде е телефонот на Боки 13?

1825

Одземено е само она што е наведено во соопштението, информираат за Канал 5 од Основното обвинителство, откако прашале дали воопшто е одземен мобилниот телефон на првоосомничениот во делото – Бојан Јовановски или пак станува збор за ненамерна грешка при соопштувањето на деталите.

ОЈО на 16 јули, преку соопштение, информираше за акцијата за приведување на осомничените, Јовановски и Зоран Кичеец, при што и ги наведе прибраните предмети, а во соопштението на ниту едно место не пишува дека од Боки 13, покрај брендирана гардероба и накит, компјутери и лаптоп е одземен и мобилен телефон.

Целиот прилог на Канал 5, можете да го погледнете ТУКА.

Порталот А1он, пак, повикувајќи се на извори од истрагата објави дека телефонот на Боки 13 е земен уште при приведувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...