Канадска амбасада: Евроатлантскиот пат ќе ви обезбеди просперитетна иднина

120

На 30 септември граѓаните на Македонија имаа уникатна можност да го изберат правецот по кој нивната земја треба да се движи, напишаа во заедничка изјава амбасадорката на Канада за Македонија, Кати Чада и специјалниот претставник за ЕУ и Европа и германски амбасадор Стефан Дион.

– Во јули, Канада со гордост им се придружи на останатите сојузници на НАТО да и ја понудат на Македонија долго очекуваната покана за влез во НАТО. Веруваме дека евроатлантскиот пат ќе ви помогне да обезбедите безбедна, просперитетна и демократска иднина за Вашата земја – се вели во изјавата објавена на официјалната веб страница на Канадската амбасада со седиште во Белград.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...