Канадската телевизија ја исече сцената со Трамп од „Сам дома 2“ ВИДЕО

„Исечениот“ филм на Си-Би-Си се емитувал на почетокот на декември, што предизвикало критики кај многу приврзаници на Трамп, но и љубителите на филмови.

981

Канадската национална телевизија Си-Би-Си ги избришала сцените со лидерот на САД, Доналд Трамп, во култниот празничен филм „Сам дома 2“.

Портпаролот на Си-Би-Си, Чак Томпсон, рекол дека осум минути се скратени од 120-минутниот филм за да се направи простор за реклами.

Тој објаснил дека овие измени во филмот се направени во 2014 година, пред Трамп да биде избран за претседател и дека промените не биле политички мотивирани.

„Исечениот“ филм на Си-Би-Си се емитувал на почетокот на декември, што предизвикало критики кај многу приврзаници на Трамп, но и љубителите на филмови.

Доналд Трамп Јуниор преку Твитер ја искритикувал канадската телевизија пишувајќи дека исекувањето на сцената е чиста патетика.

На оваа тема на Твитер се огласи и Трамп лично.
„Филмот никогаш нема да биде ист! (Само се шегувам)“, напиша Трамп, споделувајќи статија во која Си-Би-Си е обвинета за цензура.

На Бадник оваа година Трамп филмот „Сам дома 2“, кој е објавен во 1992 година, го опишал како голем божикен хит.

– Па и јас сум во „Сам дома 2“. Многу луѓе тоа го спомнуваат секоја година, особено за време на празниците. Особено децата зборуваат дека ме виделе во филмот. Не ме гледаат на телевизија онака како што ме гледаат во филмот. Тоа е добар филм и тогаш бев малку помлад. И беше чест тоа да се направи – рекол Трамп.

 

ФОТО: Јутјуб/Скриншот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...