Деветнаесетгодишниот Кем Меклеод и една година помладиот Брајер Шмегелски од Канада се осомничени за убиство на три лица во Британска Колумбија.
Леонард Дик бил пронајден со прострелна рана минатиот петок во близина на запалено комби, кое било во сопственост на тинејџерите, јавува Би-Би-Си.
Неколку дена претходно биле пронајдени убиени туристите Чајна Ноел Диз и Лукас Роберсон Фалоу.
Полицијата потврдила дека издала налог за апсење на тинејџерите. Тие последен пат биле видени како излегуваат од Британска Колумбија и се верува дека се во бегство.
Меклеод и Шмегелски патувале на работа во Јукон претходната недела и тогаш за последен пат се слушнале со своите семејства.
Во почетокот се сметале за исчезнати, но полицијата во вторникот соопштила дека се осомничени за смртта на младиот пар. Се опишуваат како опасни и со оружје, па луѓето се советуваат да не им се приближуваат.
ФОТО: Принтскрин