Канада се согласи со Франција, Германија и Британија и е против Русија во Г7

202
ФОТО: EPA / ANDRE PICHETTE

Канада денеска соопшти дека и натаму е против враќањето на Русија во групата индустриски најразвиени земји од светот, некогаш позната како Г8,  што како идеја ја изнесе американскиот претседател Доналд Трамп, а  која викендов треба да се разгледа на претстојниот самит на Г7 во француското место Бијариц.

Русија е исклучена од Г8 во 2014 година, по анексијата на Крим и заради поддршката на проруските бунтовници во источна Украина, потсетуваат британските медиуми.

На заедничка прес конференција во Отава со американскиот државен секретар Мајк Помпео, канадската министрка за надворешни работи Кристија Фриленд кажа дека ставот на Канада за ова прашање е „многу јасен“ и останува непроменет.

– Руското кршење на меѓународните права со инвазијата на Крим и неговата анексија, поддршката на војната во Донбас, е нешто што не можеме да го прифатиме – истакна Фриленд.

Таа, исто така, додаде дека доколку Москва сака да се приклучи на оваа органзиација, мора да ја прекине војната во Донбас и да го напушти Крим.

Британските медиуми наведуваат дека сличен е ставот на Франција, Германија и Велика Британија.

ФОТО: EPA / ANDRE PICHETTE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...