Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека тој понудил да оди во Вашингтон оваа недела за да ги завршат преговорите за Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА), но од страна на американскиот потпретседател Мајк Пенс му било јавено дека средбата со претседателот на САД е можна само ако се согласи на временско ограничување на договорот, пренесува N1.
Трудо рече дека одбил да оди на состанок поради „потполно неприфатливиот“ предуслов. Тое е одговорот на Канада на американските даноци за увезениот челик и алуминиумот.
Трудо рече дека му се чинело дека Трамп го прифатил договорот се додека Пенс не го повикал вчера.
Канадскиот премиер и претходно изјавуваше дека нема да прифати клаузула за временски рокови во договорот, бидејќи на компаниите им треба сигурност пред да влезат во долгорочни инвестиции, а со ставањето на клаузула со временски рок се создава неизвесност.
Царина за американски производи
Трудо изрази жалење за одлуката на Трамп да воведе данок на производи од челик и алуминиум и најави дека Канада ќе воведе такси како контраамерки во вредност до 12,8 милијарди долари на американските производи, од челик до јогурт и до тоалетна хартија.
– Мора да веруваме дека во одреден момент кај нив ќе превлада здравиот разум. Но, не гледам дека има индиции за тоа во оваа постапка на американската администрација – рече Трудо.
Канадската соодветна мерка ја објави и министерката за надворешни работи Кристијан Фриланд. Канадските царини за американска стока влегуваат во сила од 1 јули и ќе бидат на сила додека САД не ги укинат своите царини за Канада.
Подготви: А.Ј.
ФОТО: EPA-EFE/LUKAS COCH