Камшикот на тетин ми Стојан од Три куќи, Чаир…

2309

И сеа некој ќе ми рече: Да, бе, Боки, ама тоа у твое време, сеа е сасвим другачие…!!!

Хе, немој бе, жити сѐ. Епа зошто ондак, у мое време вистинското воспитување и највистинското образование беше баш оноа во основните училишта, и до некаде во средните, а на факултетите да се избориш за оценка со протекционизам, беше реткост ко да си видел пингвини како трчаат у сред Африка. Спрегата помеѓу учителити, наставниците и родителите, у мое време, ја постави на цврста основа државата, ја спроведуваше системот, и тука не смееше да има никаква утка, празнина, грешка, недајбоже проблем, инцидент. Учителите и наставниците во основните училишта беа „светци“ и за децата и за нивните родители, а не поповите. Сите имаа задача да создаваат здрави, разумни и образовани генерации од најмала возраст. И родителите и наставниците…

Да бидеш недисциплиниран дома, можеби и ќе ти помине, ама истото да го правиш во тогашните училишта, пред учител(к)ите наставниците, мало морген, бе, девојки и дечки, млади наставници и родители. У мое време на основно и средно образование не важеа девизите, од типот: Абе остај го тоа дете, знаеш чив син/ќерка е, не важеше ниту авторитетот дека родителите на децата се на високи политички позиции, не важеше ниту тоа да се сретнеш со учител на разминување а да не му речеш „добар ден, добра вечер учителе, или добро утро. Денес учителите и наставниците, па и професорите и политичарите ги поздравуваат децата на влијателните, на богатите, на имуќните, на повисоко позиционираните во власта. У мое време, ако некој наставник се реши да отиде дома кај родителите на некој ученик, за да се пожали на дисциплината и знаењето на нивното дете, тоа беше врв на понижување на родителите на тоа дете, тоа беше последна порака дека родителите излегле од спрегата за создавање здрава и воспитано образована генерација од здрави, млади и просперитетни генерации, за кои ќе мораат да понесат консеквенци, одговорност…

Знам дека се сменети состојбите, знам дека денес наставниците и учителите ги поздравуваат учениците кога случајно ќе се разминат, знам дека денес секој наставник знае кое дете е чие, и не го прави тоа за да го зголеми своето влијание врз неговото образование, да се концентрира на неговото основно воспитување, туку заради неговите јебиветарски интереси: пари, позиција, гаранција за опстанок на позицијата, или унапредување. За ништо друго…

Децата одамна си ја играле играта „фрлање на другарчињата низ прозор!“ Па јебем ли вас у главу зелена, бре, наставнички и управувачки образовни јебиветри и забегани родители? По кои кафиќи излавате бре, ало? Каква брља пиете за вака да се однесувате со иднината на оваа држава? Тетин ми Стојан од Три куќи у Чаир, кога ќе мавнеше со камшикот у ваздух, Цветко, неговиот омилен и најубав коњ, се креваше на две, од радост, дека овој свирнал низ воздухот, а не се одбил од неговиот газ, и разиграно ја повлекуеше чезата. Знаеше Цветко колку боли камшикот по неговото тело, па и од звукот му се плашаше… Пола од децава не знаат што е камшик, затоа си играат фрлање деца низ прозор, па макар и од приземје…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...