Камчев останува во притвор, судот ги одби жалбите за „Империја“

626

Кривичниот совет од скопска единица ги одби жалбите на осомничените во случајот „Империја“ на СЈО и ги потврди решенијата на судијата на прехтодна постапка за определениот притвор. Од 13 осомничени во притвор се пет лица – бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, директорот на ЗК Пелагонија Цветан Панделески и Зорица Арсовска, сметководителка во фирмите на Камчев.

– Постапувајќи по жалби на одбраната изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор во случајот од обвинителството означен како „Империја“, советот одржа јавна седница со присуство на одбраната по која ценејќи ги фактите и доказите во предлогот и во изјавените жалби донесе решенија со кои ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка, соопшти Кривичен суд.

Во „Империја“ осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Надлежниот обвинител до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за четворицата обвинети и за продолжување на определената мерка куќен притвор за еден од обвинетите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...