Бизмисменот Орце Камчев не е еден од петмината приведени во новата истрага на СЈО „Империја“ против 13 лица.
Петмината приведени треба да бидат спроведени пред судија на претходна постапка, кој треба да одлучи по барања на СЈО. Во соопштението од обвинителството објавија дека за нив се бара мерки на обезбедување, но дали станува збор за притвор, одземање на пасоши или други мерки на претпазливост засега нема потврда оттаму.
Покрај Орце Камчев и Цветан Панделески, во „Империја“ осомничени се и Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие се осомничени за делата злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и др.