Овој исказ што го кажав денеска е сто отсто точно и вистина. Ниту некого сум заштитил, нити некого ќе заштитам. Пробав да се изборам за правда во оваа држава, тоа ми беше мисијата, изјави бзинисменот Јордан Камчев по денешното четиричасовно сведочење во врска со случајот „Рекет“.
Тој рече дека многу функционери биле злоупотребени од Бојан Јовановски Боки 13. Сите што имаат платено реклама во 1 ТВ сите на некој начин биле гонети од Боки и Катица Јанева.
– Јас сум човек што не лаже. Беше болна таа вистина. Катица не ми нудеше спогодба, туку ми нудеше Боки. Сфатив дека сѐ е нивна игра. Сакам да докажам дека сум чист и ќе докажам. Случајот „Империја“ е отворен за изнуда на пари затоа што тие не биле овластени тужители и се преземни предмети стари 18 години. Јас сум човек што вработува 3.000 луѓе, најголем плаќач на данок во оваа држава и нема да дозволам моето лице и лицето на моите деца да го гаѓаат вакви накази како Боки 13 и Катица Јанева. Ако наредбите на Јанева биле противзаконски зошто Стефанова не ја пријавила до Јовески дека имала притисок од Јанева? Мене ми понуди спогодба братот на мојата истражна судијка со исти бројки кои потоа му ги нудеа Бојан и Јанева – рече Камчев одговарајќи на новинарски прашања.
Тој смета дека неговото сведочење е од корист за целата држава.
– Со ова што направив, направив голема, голема заслуга за оваа држава еднаш засекогаш да се исчисти овој систем – рече тој.
Тој рече дека ги дал снимките во Обвинителство а тоа до судот, но каде во тој круг тие излегле рече дека не знае.
За камерите во неговиот дом рече дека се поставени во пред 4 години. Додаде дека има пријатели и соработници низ целиот свет и дека е нормално е да се консултира со луѓе.
– Боки бладаше и сѐ што зборуваше беа глупости. Зоки работеше кај мене 2-3 години, беше многу близок пријател со Боки. Во првите моменти кога бев во притвор помагаше, беше тука, што се случи после не знам – рече Камчев на новинарско прашање.
На прашањето за средбата на која присуствувал министерот за здравство, тој рече:
– Јас и Венко Филипче сме долги години пријатели. Венко ми е пријател и ќе ми биде пријател. На Боки му рековме дека тоа што предлагаше тој како јавно приватно партнерство не држи вода.
– Боки и Катица беа исклучително блиски. Алчноста на Катица за пари беше клучна за оваа работа. Телевизијата беше алатка, повикувајќи функционери, судии и сл. тој на бизнисмените им продаваше приказни дека ти се негови луѓе и дека кај нив може да заврши работа. Моќта на Катица беше огромна, а Боки е интелигентен човек и успеа тоа да ни го продаде на сите нас. Јас сум жртва – рече Камчев.
Откога го пријавил Боки, Камчев ги прекинал сите комуникации со него. Му кажал на Зоран Милевски дека го инфомирал премиерот и да му каже на Боки.
Камчев најави дека ќе поднесе повеќе тужби – дека бил жртва и против Јанев и Боки за враќање на парите.
– Му ставив „Луј Витон“ за мајтап и луксузни магазини за мајтап. Се изнервира што банкнотите се по 50 евра. Тој е шоумен, глумец, го правеше ова за 5 минути шоу – заврши Камчев зборувајќи за денешниот настап на Боки 13-ка во судницата.
Пишуваат:
Стојанка Митреска
Александра Митевска
Видео: МИА