Бизнисменот Орце Камчев денеска повторно дал исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција како главен сведок во случајот „Рекет“.
Претходно, тој дал исказ во Обвинителството на 2 мај годинава.
Со неговото појавување денеска пред обвинителката Вилма Русковска, паднаа во вода сите шпекулации дека Камчев е во бегство.