Дваесет и едногодишна камперка Ф.О. од Украина се изгубила во месноста „Шипковачки бачила“, под Попова Шапка, каде ја пронашле полицајци.
Таа се изгубила вчера околу 18.30 часот, кога заталкала симнувајќи се низ шумскиот предел „Сидол“.
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ја пронашле и ѝ пружиле помош. Ф.О. кампувала во близина заедно со Ј.М. (27) од Германија и Р.Ц.(20) од Израeл. Тројцата, потоа продолжиле со кампувањето.