Утрово, камперите во Жена парк спроти Собранието се пакуваат. Импровизираните куќарки и шаторите кои таму беа поставени со месеци во текот на ноќта се отстранети, а дел од камперите утрово ги собираат работите кои останале во паркот.
На терен има и полицајци, а демонстрантите велат дека полицијата во текот на ноќта им ги отстранила камповите.
Пред Собрание со месеци лица од патриотски здруженија и неколку мали политички партии протестираа, го блокираа сообраќајот во центарот на Скопје и бараа оставка од Владата и зачувување на уставното име.