Кампањата за референдумот, Самка ја почнува од Шутка по Курбан Бајрам

202

Пратеникот и лидер на ПЦЕР, Самка Ибраимоски кампањата за референдумот ќе ја почне од Шуто Оризари, бидејќи како што вели тоа центарот на Ромите во Макеоднија.

– И граѓаните бараат јас како пратеник да ја почнам кампањата од Шутка. Очекувам дека ќе има голем одзив. Кампања ќе почне после Курбан Бајрам. Јас како пратеник и лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите, ПЦЕР гордо и храбро и одговорно ќе ја водам оваа кампања,затоа што оваа е во интерес на Ромите кои со години посакуваат нашата држава да влезе во ЕУ и НАТО. Јас сум убеден дека сите Роми во Македонија ќе го поржат референдумот затоа што ова е иднина и за Ромите и за сите други заедници во Македонија – вели Ибраимоски.

Тој додава дека Договорот со Грција ја гарантира македонската иднина, македонскиот идентитет, македонскиот јазик,  државјанство, кодовите МК и МКД и државните симболи.

– Со овие точки добиваме Покана за НАТО, датум за преговори и најголемото нешто Грчко – Македонското пријателство ,кое во минататот го немавме. Затоа ќе го поджиме референдумот и ќе гласаме за. Бројката на излезеност на Ромите ќе биде 80 отсто- вели Ибраимоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...