Седумгодишно девојче е повредено откако во неа удрил камион вчера во селото Морани, Скопско, околу 16.30 часот, соопшти МВР.
Товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистерски ознаки управувано од Џ.В. (50) удрило во седумгодишното девојче. По незгодата девојчето со друго возило било пренесено во Поликлиниката Драчево, а од таму со возило на Итна медицинска помош била препратена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.