Камион турна бандера во центарот на Куманово

260

Камион попладнево турна бандера во центарот на Куманово. Движејќи се од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ кон улицата „Гоце Делчев“ со горниот дел ги закачил каблите при што ја повлекол и бандерата.

Случајот го потврди и СВР Куманово од каде информираат дека е извршен увид од страна на полицијата, а на терен се и екипи од ЕВН и од кабелскиот оператор кои работат на санирање на штетата.

Сообраќајот во овој дел од Куманово е во прекин  oд 16.10 часот и се врши пренасочување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...