Камион падна од 20 метри висина во Словенија, загина возачот (ВИДЕО)

2864

Возач загина во тешка сообраќајна несреќа во Љубљана. Возило „опел корса“ изгубило контрола и се судрило со приколката на камионот. Ударот бил толку силен, што камионот удрил во заштитната ограда, а потоа паднал од мостот од 20 метри висина.

Загинатиот имал 53 години и бил од Унгарија. Возачот на автомобилот не се здобил со повреди, а уште едно возило е оштетено во несреќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...