Камион додека истоварал удрил во надвозник на новиот автопат Охрид – Кичево

198

Камион кипер на фирма подизведувач на градежните активности на автопатот Охрид- Кичево, удри во новоизграден надвозник над коловозот, кај селото Песочан.

Станува збор за невообичаена случка, кога товарнот дел на камионот е оставен во позиција за истовар, а возилото во движење удира во надвозникот.

Направена е материјална штета, а истрагата ќе ја утврди причината за незгодата, дали се работи за невнимание на возачот или пак за некаков дефект на возилото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...