Јавното здравство тоне во скандали. Наместо животот и здравјето на пациентите како и подобрување на условите на работа на докторите и медицинскиот персонал, сомнителните бизнис зделки станаа главна реформа на оваа влада, министерот за здравство и СДСМ, обвини Виктор Камиловски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и животот на граѓаните е и најновиот тендер во здравство. Какви референци има компанија регистрирана само пред неколку месеци или колку искуство има актуелната компанијата? Еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и животот на граѓаните е и најновиот тендер во здравство. Власта со овој тендер покажа дека здравјето и животите на нејзините граѓани се помалку важни од 35 милиони евра пари со кои треба да се одолжат мега донаторите на СДСM – вели Камиловски.
Тој додаде дека никаде во светот не може компанија формирана пред неколку месеци со капитал од само 5.000 евра според тековната состојба на Централен регистар да добие тендер вреден 100.000 евра а да не зборуваме фантастични 35 милиони евра, посебно во секторот здравство каде битка водат огромни фармацевски компании.
– Неофицијално, дел од фирмите кои се занимаваат со бизнисот со реагенси се изненадени што на тендерот се појавува нова фирма која досега не работела со оваа проблематика ниту пак набавувала материјали од компанијата чии спецификации се наведени во тендерот. Со ова, според истражувањето на многу фирми кои се занимаваат со овој вид на дејност со набавка на реагенси велат дека самата спецификација уште на почетокот отворила сомнежи посебно што во условите се наведени карактеристики само внимавајте на еден производител, компанијата АБОТ. Што значи уште на стартот биле технички исклучени другите фирми кои биле заинтересирани за овој тендер – смета тој.
Според него, индикативно е, зошто е сменет член 17 од договорот со кој доколку не се испорачува од фирмата која ќе го добие тендерот Министерството за здравство слушнете треба да плати оштета од 5 мил евра, нешто што досега не постоело во праксата ниту во тендерските услови.
– Го прашуваме Министерството за здравство во што се состои заштедата на ова транспарентно коруптивна зделка што спектакуларно ја најавуваше министерот Филипче ако се знае дека пазарните цени на реагенси се 2 до 3 пати поевтини од понудените на тендерот. Бараме овој тендер да се прекине и министерството за здравство да се откаже од овој скап, сомнителен, но пред се штетен проект.
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта и министерот за здравство итно да го раскинат договорот со човек фирма! Доколку оваа набавка не биде раскината ВМРО-ДПМНЕ целата постапка ќе ја претстави пред меѓународните институции и ЕУ како најбрутален школски пример за кражба на народни пари по цена на здравјето и животите на граѓаните и пациентите во Република Македонија – рече Камиловски.