Камикази, куќа на стравот и летечки килим во новиот парк на Илинденска

723

На улицата Илинденска, веднаш до СЦ „Борис Трајковски“ е лоциран новиот забавен адреналински парк „Мега“.

Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити.

Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17, во петок до 1 часот, сабота и недела од 10 до 1 часот.

Главни атракции во „Мега“ се камикази, кулата висока над 100 метри, летечки килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, куќа на стравот и поп старс- возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...