Беше една од најбараните и најомилени актерки во Холивуд, а откако во 2014 година го сними својот последен филм „Ени“, реши да се повлече од глумата.
Колку е задоволна од новиот живот и што прави далеку од јавноста, раскажа за магазинот „Инстајл“, едно од ретките интервјуа за овие пет години. 46-годишната холивудска ѕвезда објасни дека доволно долго била во центарот на вниманието и дека е среќна штио тие денови се зад неа.
– Почнав да ја доживувам светската слава кога имав 22 години, што беше пред 25 години. Тоа е одамна. Јас го гледам тоа на начин дека и дадов на јавноста повеќе од половина од мојот живот. Мислам дека е добро да одвојам време за себе, да се реорганизирам и да одберам како сакам да се вратам назад – рече таа, додавајќи дека враќањето е сè уште под знак прашалник:
– Воопшто не ми недостасува актерството. Во моментов сум фокусирана на здравјето и на сето тоа. Но, што и да правам или ќе направам, тоа мора да биде со страст, нешто што ме прави среќна и нешто што нема да ми биде тешко.
„Забавно е луѓето да не знаат што правам воопшто. Моето време целосно зависи од мене. Во моментов, не мора да продавам филмови, затоа не морам да им давам на луѓето нешто. Не се занимавам со тоа повеќе. Си го живеам животот“, вели актерката.
Таа не крие дека се чувствува одлично во новата деценија. Сега повеќе внимание посветува на важните работи – бракот, пријателствата кои стануваат повистински и потрајни.
„Најдоброто нешто што ми се случи беше што се омажив со овој прекрасен човек. Тој е неверојатен човек и партнер. Не знам дали бев подготвена да се омажам за Бенџи, но знаев дека е специјален.Тој е добар човек, нема драма. Навистина сум благодарна за него.“
Сепак, фановите на ѕвездата може да добијат нешто ново и интересно од неа. Дијаз споделува дека како креативна личност, таа бара проект кој ќе ја инспирира и ќе има смисла за неа во оваа фаза од нејзиниот живот. Актерката подготвува нешто, но е рано да открие повеќе детали
ФОТО: EPA/JENS KALAENE