Погрешно мислев дека рехабилитација од алкохол и депресија всушност значи валкано место и лоши луѓе. Вака коментираше Камерон Далас, Инстаграм ѕвезда со над 21 милион следбеници.
Тој откри дека е 105 дена „чист“ откако поминал 2,5 години како најмрачен период во неговиот живот. Далас преку Инстаграм објава и видео им се извини на сите, кои претходно можеби ги изнервирал или навредувал со своите постапки.
– Бев на рехабилитација. Добив помош за да се соочам со зависноста, анксиозноста, депресијата и траумите во семејството. Веќе 105 дена сум „чист“ и тоа е навистина одлично, сакам да продолжам по овој пат. Јас сакам да им помагам на другите и да ги просветлам, за да побараат помош сите на кои тоа им е неопходно – рече тој.
Во декември тој беше притворен по наводна тепачка со друг маж.
ФОТО: Инстаграм