Ајфеловата кула ја погоди гром во невремето кое донело обилен дожд во Париз.
Властите објавиле предупредување од невреме во северна и западна Франција откако наврнале обилни дождови. Камерата на париската метеоролошка веб – страница го фатила мигот во кој гром ја погодил Ајфеловата кула, пренесува хрватски Индекс.
Фотографот Бертранд Кулик го снимил драматичниот момент во кој една од молњите кои го распарувале небото го погодила врвот на Ајфеловата кула.
– Тоа беше електричен ден, времето беше апокалиптино. Бев во својот стан и прозорот беше отворен. Кога почна невремето, го грабнав апаратот во надеж дека ќе фатам барем дел од молњите – рекол Кулик.
Кулик додал дека ветерот и дождот биле толку силни што се чувствувал како да се наоѓа во центарот на невремето.