Каменуван возот на релација Скопје-Битола

387

Вчера во 20.30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во 20.15 часот, помеѓу
железничко стојалиште Скопје и железничко стојалиште Лисиче, од непознати лица бил каменуван возот кој сообраќал на релација Скопје – Битола.

Како што е наведено во полицискиот билтен, на возот било оштетено едно странично стакло, а откако било утврдено оштетувањето, возот продолжил со движење кон Битола.

Од МВР велат дека се работи за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...