Каменуван возот Гевгелија – Белград

191

Во Велес, вчера во 21.40 часот непознато лице фрлило камен на меѓународниот патнички воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Белград, при што било искршено едно прозорско стакло од вагон.

Повредени патници нема. Возот го продолжил движењето до Железничката станица Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...