Каменос преку Твитер ја отстрани Кундура од пратеничката група на Независни Грци

455
ФОТО: EPA / SOTIRIS BARBAROUSIS

По изјавата на министерката за туризам на Грција, Елена Кундура дека ја поддржува грчката Влада, Панос Каменос, преку неговиот официјален Твитер профил ја отстрани од пратеничката група на Независни Грци, јави дописничката на МИА од Атина.

– Госпоѓа Кундура преку официјално соопштение одлучи да го замени нејзиниот глас и името на Македонија со министерската фотелја. Уште од сега ја ставам вон пратеничката група на Независни Грци, напиша Каменос на неговиот официјален Твитер профил.

Како што претходно објави МИА, Кундура, преку изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, рече дека ја поддржува владата и порача дека не преговара за нејзиното право да гласа онака како што и налага совеста.

Фото: EPA/SOTIRIS BARBAROUSIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...