Камелија Недев државен шампион во карате

418

На последното државно првенство во традиционално карате Камелија Недев освои прво место со што стана шампион на Македонија во дисциплината кихон-кумите за деца од шест до седум години.

Камелија е ќерка на каратистот Дејан Недев, а активно вежба една година. Ова е нејзин трет освоен медал во конкуренција на деца од шест до седум години. Тренери и се таткото Дејан, дедото Венцислав и чичкото Аљоша Недев.

По стапките на Камелија тргнаа и нејзините братучеди Софија и Филип кои исто така почнаа со карате тренинзите. Традицијата продолжува, ова ќе биде трета генерација каратисти од семејството Недеви. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...