Сметките за парно нема да се зголемат за граѓаните кои останале приклучени, откако исклучените беа ослободени од паушалот. Ова денеска го потврди претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
– Владата ќе треба да најде начин како да се покрие загубата кај дистрибутерите на топлинска енергија поради одлуката исклучените да не плаќаат никаков паушал, при тоа да не се зголеми сметката на потрошувачите кои останале приклучени на парното – рече Бислимоски.
Загубата дистрибутерите на парно е пресметана на околу 1,5 милиони евра.
Бислимоски рече и дека ќе се бараат начини да се намалат трошоците на граѓаните за парното преку вградување на калориметри, оти тие ќе треба самите да ги купат.
– Владата, Град Скопје и операторот со парно ќе треба да најдат најчин како да им ја олесната оваа инвестиција на граѓаните. Дали тоа ќе биде преку плаќање на 12 еднакви рати или преку единствен набавувач кој ќе плати поникса цена за набавката на калориметрите, сепак ќе треба да одлучат тие – рече Бислимоски.
Тој потсети и дека од 1 август граѓаните ќе добиваат многу поедноставни сметки за парно, оти ќе се исклучи одделот ангажирана топлинска моќност.