Калеска Ванчева: Помина времето на брачниот пар Маневски

540

Пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ денеска уште еднаш повтори дека како пратеничка група нема да отстапат од законот за јавно обвинителство кој гарантира независен и ефикасен обвинителски систем. Калеска на прес-конференција во Собранието истакна дека секој што сторил криминал ќе биде казнет колку и на тоа да се противи ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ ги уверува граѓаните дека овој пат сме решение дека правда мора да има и ќе има. Секој што сторил криминал ќе заврши во затвор колку и да се противи ВМРО-ДПМНЕ. Нека сфатат еднаш засекогаш дека помина времето на брачниот пар Маневски, на судиите како Панчевски и Вангеловски. Таквите кадри ќе останат како црна дамка во судските архиви – рече Калеска Ванчева.

Според пратеничката, неможноста ВМРО-ДПМНЕ да се соочи со независен и професионален судски систем повторно на површина го вади деструктивното делување на партијата.

– Едноставно стравот што го имаат челните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ од затвор, свесно преку јавни закани го пренесуваат кон судиите, обвинителите и кон граѓаните. А крајната цел е позната – како да се ескивира законот за јавното обвинителство – истакна Калеска Ванчева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...