Калеска-Ванчева: Нема суштинска разлика во новиот предлог-закон за ЈО

296

Новиот предлог закон за јавно обвинителство нема суштински разлики во однос на претходниот, изјави денеска пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ, но додава дека не би сакала да коментира пред за него да се разговара и да се изјасни опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Доставен е нов изготвен предлог на закон за јавно обвинителство до најголемата опозициска партија за да го разгледаат и да дадат свое мислење и да се донесе закон. Искрено се надевам дека ова ново понудено законско решение ќе биде прифатливо за да седнеме и онака како што налага Деловникот, нис конструктивна собраниска расправа да донесеме закон, консензуално, бидејќи ваков закон може да биде добар само ако биде донесен со консензус – изјави Калеска Ванчева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...