„Калашников“ ќе влезе во руските учебници

Иницијативата се совпаѓа со 100-годишнината од раѓањето на создавачот  на легендарниот автомат Михаил Калашников на 10 ноември. Автоматската пушка, која тој ја создал во 40-те години од минатиот век, е едно од најчесто користените оружја во светот.

243

Руското Министерство за образование издаде методолошки препораки до училиштата низ целата земја да воведат предавања за автоматската пушка „Калашников“, како извор на национална гордост, што би ги инспирирало децата подоцна да стапат во служба на руската армија.

Предавањата ќе вклучуваат „духовно и морално образование“ за употреба на тоа оружје за заштита на татковината, се наведува во соопштението на Министерството.

Иницијативата се совпаѓа со 100-годишнината од раѓањето на создавачот  на легендарниот автомат Михаил Калашников на 10 ноември. Автоматската пушка, која тој ја создал во 40-те години од минатиот век, е едно од најчесто користените оружја во светот.

Руското Министерство за образование потенцира дека секоја година речиси 250.000 луѓе низ светот гинат од куршумите на ова оружје, што е повеќе од бројот на жртвите во артилериски напад, бомбардирања и ракетни напади.

Еден од лидерите на руската опозиција, Дмитриј Гудков ја критикуваше иницијативата, додавајќи дека духовноста не може да се меша со убиства.

– Она што Министерството го смета за „наш идентитет и духовност“, е да убиваме колку е можно повеќе луѓе – истакна Гудков.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...