Премиерот Зоран Заев вчера вечер заедно со својата сопруга, Зорица Заева присуствуваа на Виенскиот бал, којшто традиционално секоја година се одржува во Скопје.
Од фотографиите кои ги испратија од владината прес-служба испратија и фотографии од кои може да се види како се спастрија Заеви за оваа манифестација.
– Поканата од амбасадорката Коблер да присуствувам на Виенскиот бал ја прифатив без двоумење поради неколку причини. Прво го покажува воспоставеното, искрено пријателство помеѓу Република Австрија и Република Северна Македонија. Понатаму, оваа манифестација, којашто е создадена како реплика на светски познатиот бал во Виена, Опера Бал годинава го одбележува својот 20-ти јубилеј. Но пред се, ме мотивираше хуманиот карактер на манифестацијата. Особено ме радува фактот што со дел од средствата собрани вечерва ќе биде обезбедена адаптирана спортска опрема за возење велосипед, а којашто потоа ќе му биде доделена на Здружението на лица со параплегија и квадриплегија, „Без ограничувања“. Знам дека и лицата со попреченост можат да спортуваат. Јас лично познавам такви луѓе. Разликата е што ним им треба само поголема поддршка. Затоа јас лично би сакал да ви се заблагодарам на сите, бидејќи – рече Заев.