Се појавија нови смимки од спасувачката мисија на 12-те млади фудбалери кои беа заробени во пештера во Тајланд и првпат се дозна дека за да биде успешна мисијата и децата да бидат спроведени низ тесните тунели, тие биле под лекови.
Видеата кои ги покажа владата на Тајланд покажува како изгледала спасувачката мисија, но она што не го открија е како децата кои не знаат да пливат ниту да нуркаат успејаа да поминат низ поплавените делови на пештерата.
Тие биле замотани на носилки, а нив ги следеле доктори за време на изнесување низ пештерата, долг еден километар. Само тренерот бил способен да нурка и сам да излезе од пештерата.