Република Северна Македонија го потпиша пристапниот протокол за членство во НАТО. Потписот го ставија 29-те амбасадори на земјите членки во НАТО, а генералниот секретар Јенс Столтенберг пенкалото му го подари на министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Двајцата имаа свои обраќања на почетокот на церемонија, а по потпишувањето одржаа и заедничка прес-конференција.
Во продолжение погледнете ја галеријата од церемонијата.