Како Ноле го искоментира откажувањето на Шарапова?

596
ФОТО: EPA-EFE/ALI HAIDER
ФОТО: EPA-EFE/ALI HAIDER

Водачот на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ ги прокоментира денешните вести за откажување од тенисот на Марија Шарапова. 32-годишната Русинка попладнево објави дека ја прекинува спортската кариера.

– Таа беше посветена на тенисот како никој друг. Нејзината волја, нејзината способност да ги надмине сите тешкотии што стоеја на нејзиниот пат во изминатите пет до шест години, вклучувајќи повреди и операции, желба да се врати на теренот и да игра на највисоко ниво, беа воодушевувачки. Жално е што поради повредите мораше да стави крај на играњето тенис, но Шарапова имаше неверојатна кариера со која може да се гордее – рече Ѓоковиќ.

Триесет и две-годишната поранешна број 1 на светската ВТА листа завршува со тенисот со 36 титули во сингл, вклучувајќи пет Гренд слем, олимписки сребрен медал од Лондон 2012 и еден трофеј од Фед Купот со Русија во 2008 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...