Како на филм: Дваесет момчиња се обиделе да одбранат девојка од полицајци во Австрија

Полицајците дошле по пријава дека девојката урла и тепа машко лице на улица, а кога се обиделе да ѝ стават лисици, од кафуле во близина истрчале повеќе од дваесет момчиња и барале од полицајците да ја остават девојката на мира.

743
БЕСПЛАТНА ФОТО

Дваесет и едногодишна Србинка направила хаос во Виена, по што три полицајци биле повредени, три лица уапсени и биле уништени полицајски автомобил и мотори, пренесуваат српски медиуми.

Полицајците дошле по пријава дека девојката урла и тепа машко лице на улица, а кога се обиделе да ѝ стават лисици, од кафуле во близина истрчале повеќе од дваесет момчиња и барале од полицајците да ја остават девојката на мира.

Таа ја пцуела полицијата и бегала, а кога еден полицаец се обидел да ѝ стави лисици на нозете, девојката го удрила неколку пати во главата.

Полицајците повикале уште 14 колеги на помош, а 25-годишник за кој се верува дека е од Србија, заедно со 28-годишник од Австрија се обиделе физички да ги нападнат.

Двајцата биле веднаш уапсени, а вториот на пат кон станица беснеел и ја уништил внатрешноста во автомобилот, па дури и ја скршил вратата. Поради тоа морало да дојде ново возило.

Кај него бил пронајден и бел прав, се претпоставува дека е кокаин, па тој ќе добие и пријава за недозволено поседување на дрога.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...