Ураганот Флоренс удри во брегот на САД, тајфунот Мангхкут се приближува кон Филипини, а тамошното население бега пред можната катастрофа. Следуваат неколку факти за чудовишните олуи од тој тип и за тоа што од нив може да се очекува во иднина, во време на засилување на климатските промени.
Ураганите, циклоните и тајфуните се географски имиња за ист вид на големи тропски олуи кои се формираат во океаните во близина на двете Америки и во Азија.
Тие носат обилни дождови, оркански ветрови, олујни удари, огромни бранови и може да бидат смртоносни и разорни кога ќе стасаат до копното.
Во своето налошо издание овие полиња на низок притисок се енергетски посилни од атомската бомба која ја срамни Хирошима.
На Атлантикот и на северот на Тихи океан познати се како урагани, на истокот на Азија се нарекуваат тајфуни, а на југот на Пацификот и во Индискиот океан се циклони.
Циклоните почнуваат како едноставни олуи со грмежи. Но во некои периоди во годината, кога температурите на морето се високи и водата испарува, олујниот фронт почнува да ја вшмукува во големо количество.
На северната полутопка се формираат во вртеж кој обратно од стрелките на часовникот се двожат преку океанот. Циклоните на југ се двожат во правец на стрелките.
Водата која ја таложат потоа се претвора во силни дождови кои носат катастрофални поплави, имотна штета и губење на животи.
Олуите може да нараснат до 1000 километри во широчина, а во нивниот центар е око, подрачје на мирни метеоролошки услови кое според правилата е широко неколку десетици километри.
Ураганите се слаби кога патуваат над копното или низ ладните подрачја на океанот.
Научниците ги сврсруваат циклоните според јачината и тоа во категорија од 1 до 5.
Олуите највисоката петта категорија ја имаат кога ветерот дува со јачина од 252 километри на час и повеќе. Неодамнешен пример на ураган од пета категорија беше Ирма, која во септември лани, ги погоди Карибите и југот на САД. Во таа категорија беше и Катрина, ураганот кој во 2005 година на мексиканскиот бтег усмрти повеќе од 1800 луѓе.
Ураганот Флоренс во четвртокот ослабе на втора категорија, но тоа не значи дека не е опасен, Се очекува дека на некои подрачја во Северна и Јужна Каролина ќе донесе пет пати повеќе дожд од месечниот просек.
– Според тоа олуја со помала категорија и натаму може да биде опасна и да предизвика многу штети – истакнал Емануел Боцрие од метеоролошката агенција Метео Фрнс.
Западниот Атлантик лани го погодија повеќе катастрофални олуи како Ирма, Марија и Харвеј, кои на подрачјето на Хјустон предизвика штета од 125 милијарди долари.
Американската државна метеоролошка агенција НОАА и британскиот Мет Офис за годинава предвидуваат помеѓу пет и девет олуи од трета категорија и посилни.
Научниците веќе предупредуваат дека глобалното затоплување ги прави олуите поразорни, а некои тврдат дека доказите за тоа веќе се видливи.
Топлите океани даваат ново гориво кое ги храни циклоните, а порастот на нивото на морињата ги засилува олујните удари пред кои одбраната на брегот е немоќна. Циклоните ќе бидат многу посилни и по деструктивни, а се очекува и повеќе дождови.