Како клептоманите пораснаа во клептократи, па станаа плутократи

Нејсе, кај нас во Република Македонија тоа е едно исто и клептократи и плутократи, со тоа што клептократите, претходно кои потекнуваат од форма на клептомани, чии предци краделе струја од државата на диво, а за што пишуваа порано и медиумите. Откако на шверцерски начин, продавајќи се што е свето и тешко стекнато со крв и пот наназад во историјата, дојдоа на власт клептоманите, предводени од аболициран криминалец за сериозен криминал, веднаш сакаа да бидат унапредени од клептомани во клептократи. Тоа и се случи.

1114

Најпрво за луѓето кои немале прилика да ги сретнат зборовите „клептократ” и „плутократ” накратко да ги воведам во нивните значења. Клептократија е форма на управување која означува крадење на народниот имот од оние кои се на власт, додека, пак, плутократија значи форма на владеење со државата, каде што во одлуките на Владата влијание единствено имаат еден влијателен круг на луѓе, главно богати, кои со своите постапки и влијанија создаваат длабока социјална нееднаквост помеѓу граѓаните и богатите.

Нејсе, кај нас во Република Македонија тоа е едно исто и клептократи и плутократи, со тоа што клептократите, претходно кои потекнуваат од форма на клептомани, чии предци краделе струја од државата на диво, а за што пишуваа порано и медиумите, подоцна растат во плутократи. Откако на шверцерски начин, продавајќи сè што е свето и тешко стекнато со крв и пот наназад во историјата, дојдоа на власт клептоманите, предводени од аболициран криминалец за сериозен криминал, веднаш сакаа да бидат унапредени од клептомани во клептократи. Тоа и се случи. Милионски тендери, милионски хонорари, милионски бизниси, сè што се плаќаше и сè уште се плаќа со парите на граѓаните го запоседнаа и го ставија во своите џебови. Зоран Заев со цела фамилија на чело со Вице Заев, Кочо Анѓушев со своите фирми што никој не знае колку се на број, Оливер Спасовски и сите кумановски бизнисмени што му се поттрчковци, Радмила Шеќеринска и многу други знајни и незнајни пионери во клептоманството од СДСМ ги гласаа најголемите државни Буџети во историјата и наоѓаа начин парите од истите да легнуваат на сметки ним многу добро познати и блиски. И така од клептомани пораснаа во клептократи. А, да не ги заборавиме и милионските рекети за кои допрва јавноста ќе осознава детали и ќе се згрозува и чуди како власта на СДСМ рекетирала.

Е, сега веќе полека Зоран Заев, брат му Вице Заев и нивните 356 роднини и пријатели што сите имаат свои фирми закачени на државна цицка, се будат од убавиот сон кој го уживаа две и пол години. Се будат влажни и полека се освестуваат дека сепак, секој сон, добар или лош, има крај. Така и нивниот. Нема веќе апсолутна власт, нема веќе подредена полиција која ја заповедуваат Зоки, Вице и Ољо, нема веќе подредени поттрчковци и пацови кои се ќе направат и по цена на најтешки дела, само за да им се додворат на клептократите. Кога бродот тоне глувците веднаш бегаат, а исто така и околината бега од Заев. Анѓушев прв, а многу други по него. Свесни се луѓето, се помирија дека дојде крајот.

Особено ми остави впечаток г-ѓата Ременска, инаку веќе поранешен близок соработник на Заев, чиј маж беше полициски џелат на целата полиција, а богами и сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои не мислеа како Заеви, односно оние што не можеа да ги врзат на краток ланец и да ги уценуваат. Замислете, откако г-ѓата Ременска се разбуди од убавиот сон за кој треба сепак да се докаже дали го сонувала, но според некои информации сепак во сонот се офајдила од некои момци што шетале со Луј Витон торби низ државава. За ова е покрената и кривична пријава за нејзе, но тоа е работа на Судот и ќе треба да се докажува пред него. Муабетот ми беше, кога виде дека сонот заврши и јавето и станува еден обичен кошмар сервиран од Заев, се освести дека треба да соработува со новиот технички министер од МВР, инаку докажан професионалец. Еве, од мое име г-ѓо Ременски, имате фамилија, сопруг – кој иако според многу луѓе со свои маани и зли намери, имате и дечиња – да ви се живи и здрави и да си раснат покрај своите родители, Ве охрабрувам да соработувате со професионалните кадри назначени во МВР во техничката Влада и да не дозволите да бидете жртвено јагне на Зоран Заев. Сега веќе ситуацијата е дали само Вие со тројцата обвинети или и оние што се главата на рекетарскиот октопод. Пак ќе Ви напоменам, размислете добро дали сакате да бидете жртвено јагне, сепак имате семејство и деца. Да Ве потсетам дека Бојан Јовановски сфатил колку е саат и почнал да си разјаснува пред Судот како стојат работите. Мислам дека треба и Вие да застанете во одбрана на вистината. Па макар и да Ве уценуваат со сè и сешто. Само потсетете се дека беа уценувани за непостоечки дела мои сопартијци, но сепак издржаа на уцените бидејќи веруваат дека правдата ќе дојде.

Морам јавно да признаам, иако и лично сум им кажал на сите поединечно, особено сум горд на моите партиски браќа кои по секоја цена беа ставени во притвор за непостоечки дела и кои покрај се, не успеаја да ги скршат и не потпаднаа на уцените на клептократите предводени од Заев. Тоа се луѓе кои ќе имаат можност да ја прераскажуваат својата жртва на помладите во иднина, како живи сведоци, каков е начинот на владеење на СДСМ и ја заслужуваат и ја имаат сета моја почит. Тие веруваат дека правдата еден ден ќе дојде и ќе неправдите ќе се исправат. Во тоа верувам и јас и им го посакувам на сите од се срце.

Замислете, сега кога гледаат дека возот тргна по удолница, избезумени дека не им се сите алатки на дугме, полусвесни дека за многу брзо ќе се дознаат сите рекети, сите инволвирани, каде се носеле парите, кој бил банкарот од Струмица кој го збори цела држава, сфаќаат дека имаат уште малку време да дограбат се што можат за себе. И така веќе клептократите кои беа на власт две и пол години и уште три месеци ќе бидат под надзор на техничка влада, натанкирани и со преполнети дисаѓи пари, веќе станаа плутократи. Група на луѓе, воглавно составена од фамилијата Заеви на чело со Зоки и Вице, надополнета со останатите од врвот на СДСМ, сега веќе плутократи со многу пари, најважен им стана законот за опојни дроги за кој што ја ставија во залог цела Влада и цела партија во функција само на фамилијата Заеви. Свесни дека нема никогаш повеќе да припарат до власта, решија да си изгласаат закон за да можат да тргуваат со опојни дроги и марихуани во кои имаат класичен монопол цела фамилија Заеви. И тука им е веќе крајот. Додека сето ова се случува во Собранието, свесно си „горат” во медиумите свој министер со рекла казала муабети за наводна врска со друга јавна личност, што искрено ниту мене ниту јавноста не треба да не интересира и не не интересира ничиј приватен и личен живот и доколку е тоа вистина. Мене и јавноста она што не интересира е криминалот на Заеви и сите околу него.

Едно е јасно, од клептомани пораснаа во клептократи, па станаа плутократи. Како и да е, лопови си се лопови. Дојде крајот Заев. Другар ти Анѓушев тоа навреме го сфати, ти изгледа не. Имам надеж дека и г-ѓа Ременска е свесна, мораш да бидеш и ти. Сега доаѓа една друга фаза од животот, каде после твоето владеење народот ќе ти направи ревизија и ќе ти го земе данокот за лошото управување со државата, а веднаш потоа и секаде каде што има изгледни сомнежи за криминал и Судовите ќе си го земаат данокот од вашето владеење. Одговорност и правда мора да има, но од Суд на кој нема да му диктираш, туку ќе работи согласно Уставот и законите. Знам дека не си навикнат така, ама почни да се навикнуваш на реалноста, сепак кој што сеел, тоа ќе си жнее.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...