Како да ја зајакнете ја крвта и да ја спречите слабокрвноста

Недостатокот на хемоглобин го дефинира постоењето на анемијата. Со други зборови, да се биде анемичен е исто како да имате автомобил без гориво.

732

Иако анемијата (слабокрвност) најчесто се поврзува со неправилната исхрана, дури и оние кои редовно јадат можат многу лесно да ја занемарат најважната материја за крвта – хемоглобинот.  Хемоглобинот е пигмент која ја прави крвта да изгледа црвено, а неговата функција е да создаде доволно гориво кое ги снабдува клетките со кислород во целото тело. Токму недостатокот на хемоглобин го дефинира постоењето на анемијата. Со други зборови, да се биде анемичен е исто како да имате автомобил без гориво.

Најчеста форма на анемијата, од која страдаат речиси 50 отсто од луѓето, е онаа која предизвикува недостиг на железо, минерал кој е составен дел на хемоглобинот, објаснуваат лекарите. Железото го врзува кислородот и овозможува негов пренос низ нашето тело, односно крвните садови.

Во најризичната група спаѓаат децата, бидејќи им е потребна многу енергија за раст и развој. Но, тоа не значи дека и возрасните се поштедени од компликации. Во нивниот случај, неправилниот начин на исхрана може да биде една од причините за оваа болест, како и губитокот на крв поради некое заболување или поинтензивни менструации кај жените и девојките. Сето тоа, вусшност, води кои губиток на хемоглобинот.

Отсуството на овие структури во крвта предизвикува бројни различни симптоми како слабост во мускулите, болки во нозете и грбот, отежната концентрација, вртоглавица, бледило, а понекогаш и жолта боја на лицето. Во случај на слабокрвност се јавуваат тага и депресија, чувство на студ, особено во нозете и рацете, се намалува сексуалната функција, апетитот, се нарушува сонот, а се јавува и забрзано работење на срцето или тахикардија.

Ако анемијата не се лекува на време, тешката состојба на организмот може да доведе до извесни мерки како што е трансфузија на крвта. Освен тоа, ниските вредности на еритроцитите можат да предизвикаат дополнителни здравствени проблеми. Анемијата може да предизивка преоптоварување на срцето и да ги интензивира срцевите тегоби во обид да го поправи дотокот на кислород во ткивата од крвта сиромашна со еритроцити. Слабокрвноста, исто така, може да ги отежне менталните процеси. Кога мозокот не добива доволно кислород, потешко се учи, памти, а подоцна се оневозможува и читањето, пишувањето и извршувањето на секојдневните работи.

Доколку анемијата трае долго или симптомите се влошуваат, тоа може сериозно и трајно да го наруши здравјето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...