Ако сакате да возите по автопатот Демир Капија – Смоквица во правец Скопје – Гевгелија, на клучката пред Демир Капија треба да се исклучите за Скопје, да се спуштите под надвозникот и да продолжите само право следејќи ја таблата Гевгелија, објаснуваат од АМСМ.
Од 24.04.2018 година од 11:00 часот оваа делница е целосно оспособена за одвивање на сообраќај.