За развиените земји не постои отпад. Тој се рециклира или пак се користи како енергенс. Веројатно секој од нас кој некогаш посетил некоја земја од европската унија прокоментирал: Каде живееме ние, како може тука да е толку чисто, а кај нас толку валкано? И да бидеме искрени, не се секогаш виновни само, како што знаеме да кажеме, државата, градските служби, институциите и слично, туку и ние, обичните граѓани.
Ако се прашувате што можеме ние да направиме, тогаш можеби треба да размислите и да почнете да компостирате и да го селектирате своето ѓубре.
Конечно, не многу далеку од нас го имаме и најдобриот пример како сето тоа треба да функционира.
Словенија не е толку далеку од нас, но е со светлосни години пред нас во поглед на чистотата. Всушност, Словенија е пред сите и е одличен пример како тоа треба да функционира и кон што треба да се стремиме сите ние ако сакаме поубави, почисти и поздрави села, градови, држава.
Токму Словенија важи за најчиста земја на светот, со индекс од 96/100 за одржливост, екологија и природни резерви.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.