За да живеете поквалитетно и поздраво и за да ја намалите оваа можност, намалете го внесот на храна со висок удел на маснотии и холестерол, како и преработената, слатката и солената храна.
Вклучете повеќе овошје и зеленчук богат со антиоксиданти во вашата дневна исхрана.
Грав и грашок
Тие се добар извор на белковини и растителни влакна кои помагаат во намалувањето на холестеролот и високиот крвен притисок, кои се чести виновници за мозочниот удар. Тие имаат висок удел на фолна киселина, која е добра во заштитата на мозокот.
Јаткасти плодови и семки
Уште еден одличен извор на фолна киселина се семките и јаткастите. Можете да ги користите како додаток во јогуртот и овесната каша. Слободно посипете малку семки и по салата. Бадемите, оревите, лененото семе, чиа семките, семките од сончоглед и сусамот се богати со здрави мастии, особено со омега-3 масните киселини.
Рибата е одличен извор на омега-3 масни киселини. Тука особено се истакнуваат лососот, туната, сардините и скушата. Се препорачуваат две порции риба неделно по 140 грама.
Житарки
Овесот, кафеавиот ориз, јачменот, просото, киноата се само некои од житарките од цело зрно коишто треба да ги вклучите во вашата исхрана ако сакате значително да го намалите ризикот од мозочен удар.
Исто така е добро да се јаде тестенини од пченица. Според бројните студии, диетата богата со житарки може да го намали ризикот од мозочен удар за дури 30 до 36 отсто. Освен тоа, житарките се добри и во борбата против другите здравствени состојби, како што се дијабетесот и срцевите заболувања.
Калиум и магнезиум
Калиумот помага во регулирањето на крвниот притисок, а тој е еден од ризичните фактори за мозочниот удар. Иако бананите се многу популарен извор на калиум, можете да го добиете и од спанаќот, авокадото и слаткиот компир. Вашата редовна исхрана, исто така, треба да се состои од храна која содржи доволно количество магнезиум, затоа што токму овој минерал помага во спречувањето на појава на згрутчување на крвта.
Лук
Лукот има различни лековити својства. Едно од нив е тоа што го намалува крвниот притисок, го спречува згрутчувањето на крвта и го намалува холестеролот во крвта. Исто така, се користи и кај срцевите заболувања.
Црно чоколадо
Црното чоколадо има позитивен ефект на крвотокот. Тоа го активира делот од вашиот мозок што излачува допамин, важна хемикалија во мозокот. Тој дел од мозокот го овозможува учењето и меморијата, а го одржува вашиот мозок во форма.
FOTO: Instagram/prodia_stemcell